Утрински Весник
Македонија

Приведено лице кое превезувало 12 мигранти

Македонски државјани приведени во Србија поради непочитување на вонредните мерки

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Од слобода е лишен А.С.(45) од село Лојане, липковско, поради тоа што околу 03.00 часот на автопатот Градско – Велес, во близина на клучка Велес – Штип – Скопје, при контрола на патничкото возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека превезува 12 мигранти.

Од МВР денеска информираат дека 10 од мигрантите биле од Авганистан и двајца од Иран. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. цр/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се подготвува нова стратегија за борба против родово и семејно насилство

Врсничко насилство во Ѓорче Петров

Левица: Нашите војници да не бидат топовско место во туѓи војни – власта утре да го поддржи предлогот на Левица