Утрински Весник
Македонија

Приведено едно лице при претрес во Гевгелија

Приведено едно лице при претрес во Гевгелија

Денеска, полициски службеници од ОВР Гевгелија – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода С.Г.(44) од с.Богородица, гевгелиско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 228 семки од растението канабис и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб 

Муцунски оствари средба со полскиот министер за надворешни работи во Варшава

Обвинетите за злоупотреба со средства од ИПАРД-програмата седнаа на обвинителна клупа