Утрински Весник
Македонија

Приведени 37 лица за непочитување на забраната за движење

Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Вкупно 42 лица на ниво на целата држава  изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што информира денеска МВР, евидентирани се 25 лица што ја прекршиле мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 50 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, но не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мајка на загинато момче во „Пулс“: Не верував дека Андреј е мртов, немаше никави изгореници

СДСМ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта: Како се пумпаат 300.000 евра годишно!

Левица со предлог закон да нема отказ при бременост