Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Приведени 23 лица кои не ја почитувале забраната за движење

Приведени 23 лица кои не ја почитувале забраната за движење
300x250 opst2

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Вкупно 29 лица во државата изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Од нив се приведени 23, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, по однос на обврската за носење лична заштита, во текот на изминатите 24 часа се опоменати девет лица. На 84 лица им се издадени решенија за изолација, додека ист број лица, 84, потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се 2.473 контроли кај лица во изолација и самоизолација. Не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, наведува МВР. мч/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!