Утрински Весник
Македонија

Приведени тројца крадци во Скопје, пронајдени повеќе украдени предмети

Изминатите две вечери на ул.„Иван Аговски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош ги лишиле од слобода М.К.(21), Е.К.(21) и Б.Џ.(26), сите од Скопје.

Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“.

Кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР