Утрински Весник
Македонија

Приведени сопружници од Штип, расчистено кривично дело „фалсификување пари“

Приведени сопружници од Штип, расчистено кривично дело „фалсификување пари“

По преземени мерки и активности од Секторот за внатрешни работи Штип информираат дека бил расчистен случај на фалсификување пари и од слобода биле лишени сопружниците Б.Ф.(38) и С.Ф.(33), двајцата од Штип.

При преземањето мерки било утврдено дека Б.Ф. испечатил четири банкноти од 1.000 денари од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена.

Исто така, било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила.

Банкнотите биле пронајдени и одземени, како и печатачот и компјутерот на кој биле направени. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор