Утрински Весник
Македонија

Приведени синовите на Мијалковци, претепале 19 годишно момче

Da1b5abc 14e4 4b7d 9cbd F1056a648d84

Синовите на Сашо и Влатко Мијалкови синоќа заедно со уште четворица претепале едно 19-годишно момче во клубо Харт бар, на ул, Наум Наумовски Борче во Скопје и во моментов се во полициската станица Кисела Вода во Скопје, а, според нашите извори, јавен обвинител треба да одлучи какви мерки ќе бидат преземени против нив.

Претепанното момче 30 минути по полиоќ пријавило дека околу 21.45часот во Харт бар бил нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С. Р. и И. С. кои го удирале со боксови по главата и телото.

Ќотекот продолжил надвор, пред објектот, а откако момчето паднало на земја, продолжиле да го удираат со клоци по телото и по главата. Лекарска помш му била укажана во болницата Наум Охридски. Во моментов синовите на Мијалкови се во станица и се чека одлуката на обвинителот.

Можете да прочитате

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија