Утрински Весник
Македонија

Приведени разбојници во Радовиш

Вчера полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишија од слобода Н.К. од Радовиш и С.И. од с.Тополница, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“.

Имено, по претходно добиена наредба од Основен суд Радовиш извршени се претреси во домовите на двете лица, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичните дела.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Трајановски: За власта судството е маша за заплашување и притисок врз опозицијата

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

10годишно девојче повредено од заталкан куршум во општина Сарај