Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Приведени лица за незаконит лов во Македонски Брод

Нападнати лица кои делеле пропаганден материјал во Дебреше
Dik 300x250 mk

Полициски службеници, по претходно добиени оперативни сознанија за извршено кривично дело „незаконит лов“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, врз основа на судска наредба, денеска извршија претрес на дом и помошни простории кај лицата И.Б.(65), М.Б.(37) и С.Б.(33) во с.Долно Крушје, општина Македонски Брод.

При претресот биле пронајдени и одземени поголема количина месо од уловен дивеч, ловечки пушки и повеќе парчиња муниција

Исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и во домот и помошните простории на лицето Б.Б.(80), а се во владение на неговиот син Д.Б.(53) во с.Долно Крушје, Општина Македонски Брод, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка, поголема количина месо од уловен дивеч и 42 парчиња патрони за ловечка пушка.

Приведени биле М.Б.(37) и С.Б.(33). По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

До утре во 19:00 часот важат правилата за изборен молк

Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови…

Ладно и облачно утро имаме во нашата Македонија, дува и северен ветер