Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци во Скопје, украденото вратено на сопственикот

Приведени крадци во Скопје, украденото вратено на сопственикот

Синоќа во 21.00 часот, полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода А.М.(24) и З.В.(19), двајцата од Скопје, поради сомнение дека на 30.10.2021 одзеле техничка стока од објект на ул.„Бутелска“, сопственост на А.Р. од Скопје.

Со нив бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово