Утрински Весник
Македонија

Приведени дилери на дрога од Прилеп

Синоќа во 22.15 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција од СВР Битола на ул.„Довлеџик“ во Битола биле лишени од слобода С.Д.(48), С.М.(24) и С.А.(44), сите од Прилеп.

При преглед извршен кај нив, кај С.Д. биле пронајдени и одземени две пакувања хероин, амфетамини, како и поголем износ на пари.

Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР