Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица осомничени за 11 тешки кражби во Штип

Приведени две лица осомничени за 11 тешки кражби во Штип

Приведени се две лица поради сомнение дека извршиле 11 кривични дела – тешка кражба од куќи на подрачјето на Штип и с.Црвулево.

Според информациите, се работи за М.А.(33) од Штип и П.И.(25) од с.Црвулево, општина Карбинци.

Дел од предметите кои се предмет на кривичните дела се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против М.А. и П.И. ќе бидат поднесени соодветни пријави до Основното јавно обвинителство.

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје