Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица од Куба кај наплатна рампа „Демир Капија“

Синоќа во 23.10 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна рампа „Демир Капија“, од полициски службеници од Полициска станица Михајлово приведени се Ц.В.О.Р.(29) и Р.С.Р.(21), двајцата од Куба, затоа што по извршената контрола во службената евиденција било констатирано дека немаат остварено влез во државата на граничен премин.

dobivaj vesti na viber

Лицата се предадени за понатамошна постапка на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов