Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица во гостиварско, полицијата пронашла дрога во возилото

Приведени две лица во гостиварско, полицијата пронашла дрога во возилото

Вчера во с.Балиндол, гостиварско, полициски службеници од Oдделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.К.(40) од с.Леуново, општина Маврово и Ростуше и А.Ј.(21) од Гостивар.

При преглед во патничко возило „опел астра“, сопственост на А.К., во кое бил и А.Ј. биле пронајдени и одземени хероин и таблети.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Села формира нова партија „Албански сојуз“

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб 

Муцунски оствари средба со полскиот министер за надворешни работи во Варшава