Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца тетовци за незаконско реемитување на ТВ програми

Приведен тетовец кој бил баран со потерница

Полицијата вчера ги привела В.О.(33) и Б.О.(53) од Тетово, поради сомнеж дека сториле кривично дело повреда на авторско право и сродни права.

„При претрес извршен со судска наредба во домот и помошни простории на В.О. на ул.„185“ и во неговите деловни објекти на ул.„Илинденска“ и ул.„120“ во Тетово, пронајдена и со потврда е одземена разновидна опрема која ја користел за реемитување на телевизиски програми, односно преку посебен портал им препродавал ИП-телевизиски канали на заинтересирани корисници“, велат од МВР.

Повеќе парчиња разновидна опрема и други предмети одземени се и при претресот кај Б.О. кој, исто така, користел ИП-телевизиски портали за рееметување на домашни и странски канали и од претплата на заинтересирани клиенти остварувал противправна имотна корист.

Од двајцата тетовци се одземени лаптоп-компјутери, компјутерски куќишта, рисивери, УСБ-а, андроид бокс и друга опрема. По целосното рачистување и документирање на случајот на В.О. и Б.О. ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

СДСМ: Власта се заплетка со скандалот, кој лаже Бојан Христовски или Мицкоски?

Коцевски и Абази на регионална конференција во Хрватска за соработка во санкционирањето на воените злосторства

Психијатар сведочеше: Штекли живее во параноја и халуцинации