Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца скопјани, извршиле кражба во куќа, украле пари и златен накит

Приведени двајца скопјани, извршиле кражба во куќа, украле пари и златен накит
Dik 300x250 mk

Две лица од Скопје се приведени поради сомнение дека извршиле кривично дело кражба во куќа, информира полицијата.

На 7.9.2021 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода биле лишени од слобода Е.Х.(31) и П.П.(27) двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 31.8.2021 на ул. Кумановска извршиле кривично дело кражба во куќа, при што одзеле пари и златен накит.

Со нив бил извршен разговор во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.

Според полицијата, се преземаат и дополнителни мерки и активности за расчистување и документирање на делото, по што ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути