Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца криумчари, пронајдени 14 мигранти

Утреово околу 5 часот на магистрален пат кај с. Смоквица и кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Богородица привеле двајца скопјани кои превезувале мигранти.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, при преглед во патничкото возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, во кое се превезувале И.С.(31) и А.М.(30), биле пронајдени 14 лица мигранти (13 од Сирија и еден од Пакистан), а И.С. се обидел да избега, но бил фатен. Додека, А.М. бил запрен со неговото возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, поради сомнение дека помагал во извршување на делото.

Претходно, кај с. Удово двете возила не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу, на крстосницата за с. Смоквица бил запрен А.М. со неговото возило, а малку подоцна кај клучка Демир Капија бил фатен и И.С.. Двете лица биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можете да прочитате

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и невреме!

Исчезна 39-годишен струмичанец, семејството бара помош од граѓаните

Најдовски: Разрешувањето на директорката во Демир Хисар е законско