Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца криумчари на мигранти на излезот од Гевгелија

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ синоќа дале знак за запирање на автомобил „сеат толедо“, со скопски регистарски ознаки, но тој не застанал.

Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него биле откриени 7 мигранти од Сирија.

Истовремено, на излезот од Гевгелија било сопрено и патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 6 мигранти од Сирија.

Возачот А.Н. (27) од селото Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Утрово околу 2 часот бил фатен и лишен од слобода и возачот од „толедото“, О.И.(21) од селото Црвена Вода во Студеничани.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следат соодветни пријави. Лицата мигранти биле предадени во Транзитниот центaр „Виноjуг“ Гевгелија.

Можете да прочитате

Давкова: „Галичка свадба” ја отсликува македонската народна традиција и култура

Али Ахмети се сретнал со албанскиот претседател

Пожарите околу Скопје не беа случајни, туку намерно планирана акција вели Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ