Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по преземени мерки и активности, расчисти три кривични дела извршени на бул. Јане Сандански, на подрачјето на ЕВР Аеродром и Драчево и од слобода ги лиши Р.А.(42) и Б.Е.(41), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека заедно на 24.1.2022 извршиле тешка кражба на дрзок начин во обид врз М.Б.М.(32) од Скопје, а на 31.1.2022 во пекарница извршиле џепна кражба од Н.П.С.(28) од Скопје.

Р.А., пак, се сомничи дека на 10.2.2022 извршил тешка кражба на дрзок начин, при што од Б.Н.(44) од Скопје одзел паричник.

Тие биле приведени во полициска станица против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?