Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Приведени двајца кичевци за непочитување на полицискиот час

Приведени двајца кичевци за непочитување на полицискиот час
300x250 opst2

Кичево, 5 јуни 2020 (МИА) – Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус од кои двајца од Кичево.Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени пријави за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди, информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој додаде дека на подрачјето на СВР Охрид, моментално во изолација се 148 лица од кои 14 се од Кичево, додека пак во самоизолација, регистрирани се вкупно 56 лица, тројца во Кичево.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 26 контроли врз угостителски и други објекти, седум од нив во Кичево. Изминатото деноноќие, полициските службеници, констатирале 60 прекршоци за неносење на лична заштита на лицето, 25 во Кичево, објасни Димоски. рз/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кампањата за локалните избори влегува во втората недела

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места