Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Приведени двајца гостиварци поради криумчарење мигранти

Приведени двајца гостиварци поради криумчарење мигранти
300x250 opst2

Полицијата вчера привела две лица од Гостивар, кои биле фатени како превезуваат мигранти.

Според информациите, Ј.Р. бил запрен од полицијата на регионален пат Р1103 клучка Демир Капија, а при контрола на возилото „БМВ“, со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал биле откриени четири лица илегални мигранти од Пакистан.

Во 20.10 часот кај место викано Острово, во близина на Неготино, биле откриени уште пет лица илегални мигранти од Пакистан, кои претходно се превезувале со возилото „БМВ“, а лишен од слобода е Е.М.(28) од с.Врапчиште. Ј.Р. и Е.М. се приведени во полициска станица и во извршен службен разговор признале дека двајцата учествувале во прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, против лицата во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б ст.2 и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основед суд Скопје, а лицата-илегални мигранти се предадени во прифатно-транзитен центар.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ