Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца албански државјани поради шверц на 50 килограми пастрмка

На влез во селото Радолишта, Струшко, полицијата ги привела С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од Албанија.

dobivaj vesti na viber

При извршена контрола во патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 кг риба, поточно 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи во единечна должина од по 100м, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Р.Северна Македонија.

С.М. и А.С. биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор Франгово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Пожар во скопската населба Козле

ОН пред историска дебата: Палестина меѓу симболика и реалност

PER ASPERA AD ASTRA или нашиот европски пат