Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Приведена е жената која го кршела возилото на Артан Груби, тој тврди дека не ги знае причините

Приведена е жената која го кршела возилото на Артан Груби, тој тврди дека не ги знае причините
Img 7972

Службеното возило со кое се превезувал првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби, било демолирано додека стоело паркирано на собранискиот паркинг.

Од МВР велат дека тоа го направила 38-годишна жена. Груби за „Макфакс“ вели дека никој не бил повреден, а причините не ги знае. Неофицијално, жената го кршела предното стакло на автомобилот со камен. Од полицијата, веднаш откако се случил настанот ја привеле жената.

„Денес околу 12,00 часот пред Собрание на РСМ од страна на В. Ј. (38 години) било скршено предното ветробранско стакло од ‘ПМВ Пасат’ сопственост на Влада на РСМ. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во ПС Центар. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Вицепремиерот Груби вели дека кршењето на службениот автомобил се случувало додека тој бил на пленарна седница.

„Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 програмата. Ниту јас, ниту некој од мојата придружба не е повреден. Не ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот“, вели Груби за „Макфакс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка