Утрински Весник
Македонија

Приватна градинка во Карпош работела и згрижувала деца, кривична добија директорката и сопственичката

Приватна градинка во Карпош работела и згрижувала деца, кривична добија директорката и сопственичката

Приватна градинка, лоцирана во кругот на основно училиште на ул.„Карпошово востание“ во Скопје, работела и згрижувала деца и покрај забраната поради епидемијата на коронавирус.

По претходна пријава од граѓанин, полициски службеници вчера околу 10.30 часот излегле на терен и утврдиле дека градинакта работи и дека се згрижени осум деца, а во неа работат и 12 лица, меѓу кои и директорката Т.И. и сопственичката Е.Н..

Во координација со Јавен обвинител на местото излегле преставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторот и Државниот инспекторат за труд. Тие констатирале дека не биле почитувани протоколите за работа на градинки во услови на прогласена пандемија на коронавирус, поради што детската градинка ја затвориле и ги известиле родителите да ги земат децата кои биле згрижени во објектот.

И директорката и сопственичката на градинката добија кривична пријава поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Реактивиран пожарот кај пехчевско Негрево

Со хеликоптер се евакуираат пет лица од светиниколско Стројменци

Се огласи МВР откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади