Утрински Весник
Македонија

Прехранбени и хигиенски пакети за ромската заедница во Берово

Прехранбени и хигиенски пакети за ромската заедница во Берово
Dik 300x250 mk

Берово, 2 мај 2020 (МИА) – Во Берово се поделени 70 прехранбени и 70 хигиенски пакети наменети за ромската заедница во градот. Активноста се реализираше со поддршка на волонтери од невладината организација „Сонце“ од Тетово и во соработка со Црвениот крст и фондација „Отворено општество-Македонија“.
-Дистрибуцијата на хуманитарната помош се реализираше согласно препораките за заштита од вирусот Ковид-19, со тоа што волонтерите заштитени влегуваа во домовите на корисниците. Со оваа помош се надеваме дека и овој пат им помогнавме на повеќе семејства за полесно справување во овие тешки моменти, истакнаа донаторите.
Освен во Берово дополнителни 1.260 хуманитарни пакети на загрозени ромски семејства се распределени и во Радовиш, Струмица, Кавадарци, Неготино, Кичево, Кочани, Штип и Велес, односно во општините кои не биле опфатени со првата дистрибуција на хуманитарна помош.
Претходно, хуманитарна помош за ромската заедница беше обезбедена со поддршка на неколку организации и поединци од Берово. вс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НАИ реагира на одбиените приговори за првиот круг од гласањето во Гостивар

СВР Куманово уапси двајца фудбалери од ФК „Беса“ кои нападнале играчи на ФК „Аеродром“

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески