Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Претставничкиот дом поддржа закон со кој се зголемува конкурентноста на САД со Кина

Претставничкиот дом поддржа закон со кој се зголемува конкурентноста на САД со Кина
300x250 opst2

Мнозинството од американскиот Претставнички дом го поддржа законот вреден неколку милијарди долари, со цел да се зголеми конкурентноста со Кина и да се поттикне американското производство на полупроводници, и покрај противењето на републиканците.

За предлог-законот гласаа 222 конгресмени во Претставничкиот дом, кој е под контрола на демократите, додека 210 беа против.

По гласањето во овој дом, ќе следат преговори со Сенатот за компромисна верзија на законот, кој мора да биде усвоен од двата дома пред да биде испратен во Белата куќа на потпис oд претседателот Џозеф Бајден, пренесува „Ројтерс“.

Предлог-законот вклучува 52 милијарди долари субвенции за производство на полупроводници и истражување на клучните компоненти што се користат за производство на автомобили и компјутери.

45 милијарди долари се наменети во период од шест години за да се ублажат проблемите со синџирот на снабдување предизвикан поради недостиг.

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут