Утрински Весник
Свет

Претставници на Русија и Белорусија не се поканети на годишнина од ослободувањето од нацистички логор

Претставници на Русија и Белорусија не се поканети на годишнина од ослободувањето од нацистички логор

Официјални лица од Русија и Белорусија не се поканети на церемонијата во поранешниот нацистички концентрационен логор во Бухенвалд, Германија, соопштија организаторите.

Со церемонијата, која ќе се одржи на 10 април, ќе се одбележи 77-годишнината од ослободувањето од логорот.

Фондацијата Buchenwald i Mittelbau-Dora Memorials објави дека наместо официјални претставници ќе бидат поканети претставници на руското и на украинското граѓанско општество. Фондацијата тврди дека околу 42.000 луѓе кои ги преживеале нацистичките злосторства живеат во Украина.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон