Утрински Весник
Свет

Претставник на Русија во Обединетите нации: Украина веќе не е независна држава

Претставник на Русија во Обединетите нации: Украина веќе не е независна држава

Украина стана зависна земја и веќе не е во состојба да обезбедува јавен ред на нејзината територија, изјави заменик-постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Генадиј Кузмин, за време на дискусијата за украинската резолуција за кршење на човековите права на Крим, што синоќа беше усвоена од ООН.

Рускиот претставник Генадиј Кузмин рече дека Русија гарантира почитување на човековите права и укажа на јасен проблем со човековите права во самата Украина.

„Сè на сè, свртувањето на Киев кон европските вредности се покажа некако погрешно. Украина веќе не е независна земја, способна да одржува ред и почитување на човековите права на нејзината територија“, рече Кузмин, пренесува ТАСС.

Третиот комитет на Генералното собрание на ООН со мнозинство гласови ја усвои украинската резолуција со која се осудува наводното кршење на човековите права на Крим, која, меѓу другото, ја повикува Русија да ги преземе неопходните мерки за итно запирање на сите активности против населението на Крим.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk