Утрински Весник
Македонија

Претстава на Импровизаторската театарска група „Настап” 

Претстава на Импровизаторската театарска група „Настап” 

Македонска Каменица, 20 февруари 2020 година (МИА) – Продолжуваат активностите од областа на културата во Македонска Каменица. Импровизаторската театарска група „Настап” која се бави со играње на театарски игри во форма на забавно шоу, како што информираат од Културно-информативниот центар ,,Романса” која е организатор на настанот, вечер ќе се претстави пред каменичката публика.
Претставата ќе се изведува со почеток во 20 часот и истата, како што додаваат организаторите, не е наменета за лица под 14 години.
– Импровизаторската театарска група „Настап” е составена од Тони Денковски, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Мартин Манев, Андреј Цветановски и Димче Николовски – Димсата. Станува збор за настап, во кој актерите ќе играат сцени за кои немаат сценарио, но имаат правила, во зависност од играта. Овој вид на целовечерна претстава без сценарио и дава можност на публиката директно да учествува во создавањето на содржината преку задавање на локации, ликови или проблеми во сцените, кои актерите тогаш, за прв пат, ќе ги одиграат, информираат од КИЦ ,,Романса”.
Билетите за настанот, кој е поддржан од Општина Македонска Каменица, можат да се набават на билетарата во каменичкиот Дом на култура. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ