Куманово, 10 април 2020 (МИА) – Кумановскиот театар продолжува со онлајн репертоарот. Денеска гледачите ќе можат да ја проследат претставата „Сојтарии“ во режија на Александар Ивановски. Во претставата, која што премиерно била изведена во 2002 година, играле Александра Пешевска, Драгиша Димитриевски и Горан Јовановски.
– Почитувана публико, благодарност за поддршката за нашиот онлајн театар. Денес на нашиот онлајн репертоар е претставата „Сојтарии“. Се надеваме дека ќе уживате. Претставата ќе биде на следниов линк: https://youtu.be/q61WdJkLxiU, соопшти театарот.
Претставата е работена според текстовите на Милан Ласица, Јулиус Сатински, Аљоша Руси. Претставата „Сојтарии“ по втор пат е поставена на сцената на театар Куманово во далечната 2002 година и е направена во чест на актерот Живко Пешевски.
– Во првата поставка на претставата играле актерот Живко Пешевски и Драгиша Димитриевски, двајца актери кои повеќе не се меѓу нас. Претставата била една од омилените кај публиката и имала преку сто изведбис, тои во објавата на театарот.ам/см/