Утрински Весник
Свет

Претседателот Серџо Матарела го распушти парламентот, следуваат вонредни избори во Италија

Dik 300x250 mk

Претседателот на Италија, Серџо Матарела, денеска го распушти италијанскиот парламент, отворајќи го патот за одржување на вонредни парламентарни избори, јави италијанската телевизија РАИ.

dobivaj vesti na viber

Матарела рече дека изборите мора да се одржат во рок од 70 дена, оставајќи ја владата да го одреди точниот датум, кој најверојатно ќе биде крајот на септември, објави Ројтерс.

„Периодот низ кој минуваме не дозволува никаква пауза во (на владината) акција што е потребна за борба против економската и социјалната криза и зголемената инфлација“, рече италијанскиот претседател во краткото обраќање од неговата палата Квиринале во Рим.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп