Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски го поздрави постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии,  предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули

Претседателот Пендаровски го поздрави постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии,  предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на државата Стево Пендаровски го поздравува постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии,  предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава.

Како што соопштија од неговиот Кабинет, истовремено претседателот Пендаровски искажува очекување дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отпочнува преговори со Европската Унија.

– Постигнатиот консензус за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, според претседателот Пендаровски е уште еден показател дека во секоја зрела демократска земја неопходен е политички дијалог преку кој се носат усогласени одлуки и одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на нашата земја, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата. цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила