Утрински Весник
Свет

Претседателот на Чад загина ден по победата на изборите

Претседателот на Чад загина ден по победата на изборите
Dik 300x250 mk

Претседателот на африканската држава Чад, Идрис Деби (68) почина од повреди здобиени при обиколка на трупите на фронтот во борбата против бунтовниците на северот на земјата, соопшти армијата.

Деби е убиен само еден ден откако беше прогласен за победник на неодамнешните избори на кои го освои шестиот претседателски мандат.

Вчера од неговиот кабинет беше објавено дека отишол на фронтот со цел да се приклучи на армијата во борбата против терористите, пренесува „Ројтерс“.

Засега не е јасна точната причина за смртта, но европски дипломатски извор соопшти дека тој бил убиен.

Синот на Деби, Махамат Каку, е назначен за привремен претседател од страна на преодниот совет на воени офицери, изјави портпаролот Азем Бермендао Агуна во емисија на државната телевизија.

Деби на власт дојде во 1990 година преку побуна и беше еден од лидерите со најдолг претседателски мандат во Африка.

Тој и неговата војска се сметаа за доверлив западен сојузник во бурниот регион во кој делуваат џихадистите.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил