Утрински Весник
Свет

Претседателот на ЦДУ бара построго затворање на Германија во период од три недели

Претседателот на ЦДУ бара построго затворање на Германија во период од три недели
Dik 300x250 mk

„Германија треба да воведе построги мерки на затворање во период од две до три недели за да се надмине јазот сè додека не се вакцинира поголемиот дел од населението“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Армин Лашет.

Армин Лашет рече дека е потребен „нов напор“ за да се намали инциденцијата на коронавирус под 100 случаи на 100.000 жители, па тогаш е можно задолжително тестирање, следење на дигитални контакти и модели на проекти за да се започне економијата.

„Тогаш можеме да влеземе во нова ера во која можеме внимателно да се отвориме“, изјави за телевизијата ЗДФ премиерот на најнаселената покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Лашет не прецизираше кои конкретни мерки треба да се преземат за три недели и повика на помалку приватни контакти, за што ќе биде потребно воведување на полициски час и работа од дома за повеќе луѓе.

И покрај повеќемесечните ограничувања, Германија бележи зголемување на брјот на заразени бидејќи заостанува во вакцинацијата зад Велика Британија, Израел и САД.

Потврдени се нови 6.885 инфекции во вторникот, според податоците на институтот Роберт Кох (РКИ). Инциденцијата на коронавирус на 100.000 жители се намали од 128 на 123 во понеделникот.

РКИ забележа дека бројот на потврдени инфекции може да биде помал затоа што помалку се тестираше за велигденските празници.

 

Можете да прочитате

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка