Утрински Весник
Свет

Претседателот на Тунис обвинет за предводење „мек пуч“ против државата

Претседателот на Тунис обвинет за предводење „мек пуч“ против државата

Набљудувачите тврдат дека изјавите и ставовите на тунискиот претседател Каис Саид неодамна предизвикале загриженост во врска со можните отстапувања што може да претставуваат закана за земјата, наведувајќи дека се чини оти тој предводи „мек пуч“ против владејачкиот режим со цел да ги прошири своите овластувања, пишува „Мидл Ист монитор“.

Според набљудувачите, Саид продолжува со, како што самиот вели, уставните толкувања, за да ги зголеми своите овластувања, претворајќи го владејачкиот режим во Тунис во претседателски систем наместо двојниот извршен систем што моментално е на сила.

Најновата контроверзна изјава на претседателот беше објавена во неделата, за време на прославата на 65-годишнината од Денот на силите за внатрешна безбедност, кога тунискиот претседател рекол: „Јас сум врховен командант на вооружените безбедносни сили, не само на војската, според Законот за внатрешните безбедносни сили од 1982 година.“

Овие изјави ги налутија премиерот Хикем Мечичи и претседателот на парламентот и лидер на движењето „ Енахда“, Рахед Гануши, кои категорично ги отфрлија изјавите на Саид, истовремено обвинувајќи го за кршење на Уставот и на законот.

Во меѓувреме, движењето „Енахда“ реагираше на коментарите на претседателот со изјава во вторникот, во која го потврди отфрлањето на, како што ја нарече, авторитарната тенденција на шефот на државата, повикувајќи ги демократските сили: „Отфрлете го овој потфат и завршете го демократскиот процес “.

„Енхада“ го смета самопрогласувањето на Саид за врховен командант на внатрешните безбедносни сили, за прекршување на Уставот и законите на земјата и за напад на политичкиот систем и овластувањата на премиерот. Движењето побара од тунискиот претседател да се ​​придржува до Уставот што дозволи неговиот избор да ја води земјата и да ги запре сите напори за нарушување и уништување на државата.

Можете да прочитате

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд