Утрински Весник
Македонија

Претседателот на СДСМ-Куманово со иницијатива Заев да остане лидер на партијата

Претседателот на СДСМ-Куманово со иницијатива Заев да остане лидер на партијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на СДСМ-Куманово, Мартин Костовски,  покрена иницијатива за поддршка на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, кој вчера најави оставка.

„Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ“, вели Костовски.

Заев синоќа изјави дека поднесува оставка од премиерската функција и претседателската функција во СДСМ.

„Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на настаните. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа за силна Македонија. Изразувам посебна огромна почит до мој, прогресивен мој народе. Посакувам новите градоначалници одговорно и чесно да им служат на граѓаните. Горд сум што ја внесовме земјата во НАТО, а кај мене има разочараност, затоа што мнозинството од народот го избраа оние кои сакаа да убиваат во парламентот“, рече Заев по изборите.

Можете да прочитате

Гаши со апел до пратеничките групи да се избере Народен правобранител

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

Потпишан Меморандум за разбирање со Универзитетот „Мајка Тереза“