Утрински Весник
Свет

Претседателот на Перу, кој се вакцинираше преку ред, заболе од коронавирус

Претседателот на Перу, кој се вакцинираше преку ред, заболе од коронавирус

И покрај вакцинацијата преку ред, што му ја уништи политичката кариера, поранешниот перуански претседател, Мартин Визкара, заболел од коронавирус.

„И покрај потребната грижа да избегнеме да го донесеме вирусот дома, јас и сопругата имаме позитивен тест за Ковид-19, но немаме симптоми“, објави Визкара на „Твитер“.

На почетокот на овој месец, на Визкара му беше забрането да извршува каква било јавна функција во следните десет години, бидејќи се вакцинира против коронавирус преку ред, минатата година.

Конгресот на Перу воведе забрана за Визкара, кој ја водеше земјата од 2018 до 2020 година. Ова значи дека тој нема да може да го заземе пратеничкото место што го освои на изборите овој месец.

Можете да прочитате

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“

Јапонски министер поднесе оставка откако рече дека не купува ориз затоа што го добива бесплатно

Русија распоредува десетици авиони и стотици шатори крај границата со Финска