Утрински Весник
Свет

Претседателот на Киргистан подготвен да даде оставка

Повеќе од 1.000 лица повредени за време на нередите во Киргистан

Киргистанскиот претседател Соронбаи Женбеков изјави дека е подготвен да поднесе оставка кога ќе се формира нова влада и со цел да се стави крај на немирите што се појавија откако приврзаниците на опозицијата ги окупираа владините згради.

„Политичката состојба во земјата достигна точка на вриење“, рече тој и додаде дека поради решавање на кризата треба да се закажат нови парламентарни избори, додека претходната влада треба да поднесе оставка, пренесува ТАСС.

Женбеков ги повика сите политички сили во земјата да го зачуваат мирот и да престанат да создаваат поделби во општеството.

Тој исто така изјави дека политичките тензии во Киргистан достигнаа критична точка, најавувајќи мерки за надминување на кризата.

Со цел да се реши моменталната состојба, треба да се преземат неколку чекори – резултатите од изборите за Жогорка Кенеш (парламент) се веќе поништени и треба да се закажат нови, се наведува во објавеното соопштение на веб-страницата на претседателот, пренесува ТАСС.

Се додава дека одлуката за тоа прашање треба да ја донесе Централната изборна комисија, како и дека тие мерки ќе ги ублажат сегашните политички тензии.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД