Барселона, 18 април 2020 (МИА) – Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу е многу разочаран од презентацијата на рекордната аквизиција на клубот, Антоан Гризман. Каталонците платија 120 милиони евра за да ги обезбедат услугите на Французинот, но засега тој не ги оправдува големите очекувања.
Гризман дојде во надеж дека ќе стане нова голема sвезда на Барса, но неговиот придонес во составот досега беше скромен. Тој има 8 гола на 26 натпревари во Ла Лига оваа сезона.
Дури и тренерот Кике Сетиен има забелешки за играта на Гризман. Тој сака да види повеќе агресија и ароганција од Французинот, а ова мислење го дели Бартомеу.
Иако Гризман сè уште не го покажал најдоброто на „Камп Ноу“, клубот нема намера да се раздели со него во моментов и се надева дека сепак ќе покаже на што е способен.