Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Претседателот на Атлетико: Имаме сили да ја освоиме ЛШ

Натпревар Ливерпул – Атлетико доведе до смрт на 41 лице од коронавирус
300x250 opst2

Мадрид, 8 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо е уверен дека неговиот тим има сили да ја освои ЛШ оваа сезона.

– Ние сме специјални. Ние сме во состојба да ја освоиме Лигата на шампионите. Оваа година може да биде наша. Во шпанскиот шампионат сме во тешка позиција, но во Лигата на шампионите ситуацијата е поповолна. Сакаме да играме финале и од таа цел не делат неколку натпревари, коментираше Серезо за шпанските медиуми.

Атлетико Мадрид е четвртфиналист во Лигата на шампионите, откако го елиминираше актуелниот носител на трофејот Ливерпул пред паузата поради пандемијата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона