Утрински Весник
Свет

Претседателката на Словачка го повика премиерот да си даде оставка

Претседателката на Словачка го повика премиерот да си даде оставка

Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска го повика премиерот Игор Матовиќ да поднесе оставка, со цел да се стави крај на политичката криза во таа земја.

„Неизбежно е дека со неговата оставка тој ќе дозволи договор меѓу коалициските партнери за реконструкција на владата“, рече Чапутова, пренесува Ројтерс.

Претходно денес, оставка поднесе министерката за правда Марија Коликова, која својата одлука ја образложи со изјавата на Матовиќ дека ќе поднесе оставка само доколку таа, министерот за економија Ричард Сулик, заменик претседателот на Собранието Јурај Селига и претседателката на здравствениот комитет Јана Бито Циганикова поднесат оставка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен