Утрински Весник
Свет

Претседателката на Европската комисија патувала со авион на релација од 50 километри

Претседателката на Европската комисија патувала со авион на релација од 50 километри

Претседателите на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, жестоко говори за заштита на животната средина и борбата против климатските промени, но со личен пример изгледа дека не се грижи премногу за глобалното затоплување. Имено, како што пренесува британски „Телеграф“, Урсула фон дер Лајен од нејзиното назначување на престижна позиција во декември 2019 година отпатувала на вкупно 34 службени патувања, од кои дури 18 наврати користела приватен авион.

За ситуацијата да биде уште поинтересна, таа еднаш користела авион за да патува од Виена до Братислава, иако растојанието меѓу главните градови на Австрија и Словачка е само еден час со автомобил. Но не, Урсула фон дер Лајен се одлучила за авионски лет, кој траел 19 минути. Нејзините постапки воопшто не се согласуваат со официјалната политика на Европската Унија, за испуштање на нула емисии на јаглерод диоксид.

Британскиот дневен весник објави и дека Урсула фон дер Лајен во два наврати користела авион од Брисел до Стразбур – лет што траел нешто повеќе од половина час, а околу 4 часа со автомобил. Таа и група европски комесари брзале на состаноците на Европскиот парламент, кој заседава во овој француски град.

Европската комисија ја бранеше својата претседателка.

„Односите со шефовите на држави и влади се многу важни и бараат малку повеќе од само контакти со Зум“, што значи користење на авиони изнајмени за некои патувања, рече Ерик Мамер, портпарол на ЕК.

Покрај тоа, поради пандемијата на коронавирусот, комерцијалните летови се помалку достапни, како и возовите, објасни тој.  Комисијата посочува дека авиокомпанијата од која се изнајмени приватните авиони ги компензира емисиите на јаглерод диоксид од патувањето на Фон дер Лајен.

Британскиот премиер Борис Џонсон исто така беше мета на критики на почетокот на оваа недела, кога се враќаше од Глазгов во Лондон со авион, кој загадува многу повеќе од воз. Неговиот портпарол истакна дека горивото што го користи официјалната влада Ербас е „одржливо“ и дека емисиите на јаглерод се компензирани.

Бројни истражувања покажаа дека малите приватни авиони со капацитет до две десетини од патниците испуштаат дури 20 пати повеќе јаглерод диоксид во атмосферата од големите комерцијални авиони, кои можат да превезат неколку стотици патници. Малите патнички авиони испуштаат и 50 пати повеќе јаглерод диоксид од возовите. Јаглерод диоксидот е главниот виновник за предизвикување на ефектот на стаклена градина, што доведува до глобално затоплување.

Пандемијата затвори голем дел од светот и економијата зависна од фосилни горива, предизвикувајќи неверојатни 5,4 отсто пад на вкупните емисии во 2020 година. Сепак, оваа година нивото на штетни гасови е само за еден отсто пониско отколку во 2019 година, пред пандемијата. се наведува во извештајот на Global Carbon Project.

Претставници на повеќе од 40 земји постигнаа договор за елиминирање на јагленот од употреба во производството на електрична енергија во периодот од 2030 до 2040 година. Меѓу земјите кои постигнаа договор се Полска, Виетнам и Чиле, кои се меѓу најголемите потрошувачи на јаглен, чие согорување испушта штетни материи во атмосферата кои доведуваат до глобално затоплување. Интересно е што договорот во Глазгов не го одобрија земји како Австралија, Индија, САД и Кина, кои се најзависни од потрошувачката на јаглен, а со тоа и најголеми загадувачи на атмосферата.

Можете да прочитате

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран

Генерален штрајк во Италија, големи прекини во сообраќајот