Утрински Весник
Македонија

Претрес во липковско, пронајдено оружје, приведено едно лице

Претрес во липковско, пронајдено оружје, приведено едно лице

Утрово е приведен 67-годишен жител на село Лојане, кај кого било најдено оружје и муниција.

Според информации, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“, две рамки за пиштолот и 50 куршуми калибар 9 мм, кои ги поседувал без дозвола.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

УСЈЕ: Работиме согласно Европската регулатива и сите важечки закони

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат