Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево, попладне облачно со услови за дожд

Претпладне сончево, попладне облачно со услови за дожд

Времето денеска во раните претпладневни часови во источните делови се уште ќе биде значително облачно, а во текот на денот насекаде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе настапи повторно зголемување на облачноста, а во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните подрачја ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец