Утрински Весник
Македонија

Претпладне жештина, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

dobivaj vesti na viber

Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност, доцна попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 37 степени.

Во четврток уште од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Потоа во следните денови ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови со изолирана појава на нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство

Тетовец му го позајмил „бмв“на познаник, па наместо кај механичар завршило на отпад