Утрински Весник
Политички Партии

Прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски за доделувањето средства од антикризните мерки

Прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски за доделувањето средства од антикризните мерки

 

Скопје, 14 јуни 2020

Зоран Заев пред само недела дена кажа дека со таканаречените антикризни мерки му помага на  народот и стопанството. Само неколку дена подоцна гледаме како народните пари преку буџетот завршуваат на сметката на фирмите на семејството Заеви како Еленица, каде управител е неговиот брат Вице Заев, а основач неговиот бртучед Трајче Заев.

Да ја погледнеме изјавата на Заев од пред една недела.

Пакетите мерки се наменети за џебот на Заеви и врхушката на власт. Никогаш доста за Заеви. Прикажале приход од 5 милиони евра а сега земаат од државата помош.

Наместо на сметките на фирмите на кои реално им треба помош, парите завршија во џебот на Заеви.

Заеви не се фаќаат за џебот кога треба да дадат, туку единствено кога треба да земаат од нашиот народот.

Згора на тоа освен Еленица на Заеви, државна помош од 106 илјади евра добила и фирмата на доскорешниот потпретседател на Владата и близок соработника на Зоран Заев Кочо Анѓушев.

ВМРО-ДПМНЕ бара и ги повикуваме Заев и Анѓушев да ги вратат парите кои ги земаа од државата како државна антикризна помош. Ова преставува сериозен сомнеж за злоупотреба и ќе треба обвинителство сериозно да го испита овој случај.

Овие луѓе немаат образ. Ова значи помалку пари за компаниите а повеќе пари за Заеви.

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт