Утрински Весник
Политички Партии

Прес-конференција на Костадин Костадинов: Чулев се обидува да ги спаси од одговорност партиските пријатели

Прес-конференција на Костадин Костадинов: Чулев се обидува да ги спаси од одговорност партиските пријатели

 

Скопје, 9 јуни 2020

Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за време на целата здравствена криза покажува дека оваа партија предводена од Христијан Мицкоски воопшто не е излезена од режимската матрица.

Додека сите се борат против коронавирусот Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат самоволие, прекршување на мерките и забраните и злоупотреба на институциите во лични и партиски интереси.

Класично режимско однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри.

Во јавноста се појавија снимки на кои се гледа Мицкоски како влегува во затворен фитнес центар во придружба на припадници на МВР а некои од нив носат ракавици.

Наместо темелена и ефикасна истрага, Наќе Чулев веднаш побрза да го одбрани неговиот шеф, правдајќи го дека тоа била стара снимка а ракавиците кои сите ги видоа Чулев се обиде да ги оправда како „отсјај од светлината“.

Но на Мицкоски не му беше доволно тоа, па понесен од заштитата од Чулев свесно ги прекрши забраните и седнал во затворен дел од ресторан кои според мерките за заштита не смее воопшто да работи. Дека тоа била направено свесно и со умисла говори фактот што со него бил Љупчо Андоновски советник на Наќе Чулев, кој место да се грижи за почитување на мерките и забраните, тој прв ги прекршува.

Во времето на режимот МВР под контрола на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да сокрие убиство. Денес, под структури на Наќе Чулев се обидуваат да ги сокријат прекршоците на Мицкоски.

Но прекршоците и злоупотребите не се одлика само на Мицкоски. И портпаролот Димче Арсовски веројатно по стапките на својот шеф, не ги почитува забраните и протоколите.  Во време на полициски час односно 22 часот навечер во недела, спротивно на сите забрани, решава  да се враќа од Струмица за Скопје, правдајќи го тоа со наводни „службени должности“.

Диме Спасов со службено возило се враќаше од ресторан и бегаше од полиција. Димче Арсовски денес злоупотребува дозволи за движење за приватни екскурзии.

И за сето време Наќе Чулев не презема ништо и преку злоупотреби на институцијата се обидува да ги спаси од одговорност неговите партиски пријатели.

А кога не го прави тоа, тогаш тој ја злоупотребува полицијата за притисоци и закани. Токму таков беше упадот на полицијата во хуманитарна организација во Струмица која делеше хуманитарни пакети.

Полицијата на Чулев се обиде да спречи хуманитарна акција, при тоа им се закануваше и со часови во полициска станица држеше млади волонтери.

Во времето на режимот полицијата упаѓаше во медиуми, денес структури на Чулев и Мицкоски упаѓаат во невладини организации и спречуваат хуманитарни акции.

Ова е почитувани само мал дел од режимското, антинародно и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Лажни вести, деструкција, злоупотреби на институции и конструирани случаи. Тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Со таква понуда можат да се надеваат само на пораз од граѓаните. Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот. Режим – никогаш повеќе!

Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт