Утрински Весник
Политички Партии

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за договори на АД МЕПСО

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за договори на АД МЕПСО

 

Скопје, 17 јуни 2020 

Николовска: Луѓе се разболуваат и умираат, а власта во заминување се фрли на летување и бизниси на грбот на народот

Почитувани,

Луѓе се разболуваат и умираат, а власта се фрли на летување и бизниси на грбот на народот.

Власта на Заев во заминување до последен момент безмилосно ги троши народните пари.

Имено вчера раководството на АД МЕПСО во крајно нетранспарентен процес склучило 3 договори за хотелски услуги и сместување во вкупен износ од 7 милиони 190 илјади денари, односно скоро 117 илјади евра.

Првиот од трите склучени договори во текот на вчерашниот ден е со фирмата Друштво за производство трговија и услуги ВИЦТОРИЈА ДООЕЛ Скопје во износ од 176.180 денари, вториот е со Друштво за трговија, превоз, туризам и услуги АПЕКС ФОР ДООЕЛ експорт-импорт Скопје во износ од 4.271.137 денари и третиот со Друштво за производство, трговија и услуги КЕОПС ПЛУС ДООЕЛ увоз-извоз Битола во износ од 1.743.525 денари. Сите овие договори се на име Услуги за хотелско сместување.

Во услови кога Македонија е во втор пик на корона криза со троцифрени бројки на заразени, државното претпријатие МЕПСО склучува договори за хотелско сместување.

Во време кога над 20 илјади граѓани немаат земено плата за месец април, власта на Заев и СДСМ договараат милионски суми за хотелски услуги и сместување. Патем да биде уште посомнително ваквите договори се правени во 4 очи, без целосно јасни критериуми и во нетранспарентна постапка.

Да потсетиме дека во екот на епидемијата власта на Заев и СДСМ трошеше милиони народни пари за набавки на шампањ, лигњи, октоподи, виски бурбони, а на почетокот на кризата за само неколку дена потрошија и 97.000 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници.

Ова е расипништвото на власта на Заев и СДСМ.

Додека народот се бори за егзистенција, тие се луксузираат во хотелско сместување, јадат октоподи и лигњи и пијат скап шампањ и виски.

Затоа мора да ја поразиме короната, но и вториот вирус наречен Заев и СДСМ.

Нивната неодговорност, неспособност и расипништво мора да биде поразено. Или обнова или измами. Македонија не заборава и Македонија ќе победи.

Ви благодарам на внимание,

Ружица Николовска, ВМРО-ДПМНЕ

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт