Утрински Весник
Политички Партии

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ

 

Скопје, 22 јуни 2020

Денес видовме како изгледа исплашен човек, човек соочен со поразот, а после поразот следува и одговорност за него и неговиот тим за сите злодела и потенцијални кривични дела кои што се сторени.

Една работа е сигурна, Зоран Заев паѓа како што паѓаат и неговите лаги.

Денес Зоран Заев требаше да одговори каква релација има со неговиот директор Ден Дончев, во однос на очигледниот рекет кој што го виде целокупната македонска јавност?

Каква е поврзаноста на Заев со првата снимка на македонски политичар кој што зема пари пред камера?

Дали со тоа што дозволи Ден Дончев нечепнато да се повлече од директорската позиција, практично Зоран Заев овозможи амнестија за овој човек, знаејќи што правел? Затоа што најверојатно го правел во координација со Заев. Дали тоа беше причината поради која што Зоран Заев дозволи нечепнато да се повлече Ден Дончев од директорската позиција?

Каква е улогата на адвокатот на Зоран Заев кој што го слушнавме денес во разговорите? За него многу се слушаше, денес еве добиваме и потврда.

Зошто упорно молчи Заев за рекетот од над 6 милиони евра и видеата и снимките кои што беа објавени? Ова се баснословни суми за сите македонски граѓани, за сите они кои што ги слушаат. И зошто ги релативизира овие прашања и не бара одговорност од неговите луѓе? Одговорот е едноставен, затоа што одговорноста завршува со нив.

Се сеќаваме како пред неколку години правеше сцени и театри со објавување на разговори за каква боја на плочки некој имал во сопствениот стан, ама деновиве кога гледаме разговори и видеа како некој си става пари во торба, и како се разговара за баснословни суми на пари, за одговорност не зборува. Многу едноставно затоа што одговорноста завршува кај него.

Што се однесува до неговите ветувања исто како што лажеше за 500 евра плата, и исто така лаже и за 500 километри автопати кои што никој не може да ги види затоа што едноставно ги нема. А, по македонските патишта кои што се најлоши во целиот регион секојдневно за жал се губат животи. Лажеше и за носењето на живот во Македонија, за жицата, за името и за бетон идентитетот, сега лаже и за овие избори.

Денес дознавме дека и ДУИ му пречи, иако 3 години братски владее со нив и направи коалиција во последен момент. Заеднички тогаш се договорија и ја нарече братска коалиција, а после три години пу пу не важи. Ама во овој период заеднички и братски воведоа двојазичност во Македонија, го променија името и ја продадоа историјата, се со цел да можат да владеат и да си го покриваат криминалот кој што почна да излегува затоа што криење на криминал нема.

Народот не е со кратко паметење, и народот ќе го казни СДСМ на овие избори жестоко. Многу пожестоко од тоа што тие мислат и се надеваат во овој момент затоа што расположението на луѓето е јасно, имаме наместо план за живот, план за измами, кражби, корупција.

Она што ни треба во овој момент е обнова, а обновата ќе дојде и ќе победи. Следува програма со над илјада проекти и со најсилен фокус во економијата која што ќе даде одговори на клучните прашања. На народот му треба подобар живот, повеќе пари за подобар живот, му треба правна држава, му треба функционален систем на владеење на правото, му треба подобро здравство, и пред се ред. Ние тоа ќе го постигнеме и оствариме заедно со граѓаните по победата на изборите.

Новинарско прашање: Заев побара ветинг во правосудството и одговорност за тие што се слушаат на снимката врзана со случајот „Рекет“. Заев тврди дека не е поврзан со снимката, ниту со случајот. Ваш коментар?

Одговор: Заев се однесува како во изминативе три и нешто години да е опозиција, а не власт. Тој направи влада во 2017 година и во овие три и нешто години имаше можност да ги решава проблемите. Се сеќавате дека и претходно ветуваше ветинг ама во овие три години не го направи тој ветинг затоа што влее во непринципиелен брак со корумпираниот дел од македонското судство и обвинителство. Најголем дел и од луѓето коишто работат и во судството и во обвинителството се професионалци и чесни луѓе. За жал како и во секоја работа постојат луѓе кои што тоа не се , е баш со тие Зоран Заев влезе во непринципиелен брак и затоа не направи ветинг, затоа што ветингот требаше да заврши со него. Така што ова се празни флоскули на еден политичар на заминување.

Новинарско прашање: Господине Николоски што доколку по изборите се создаде ситуација да не може да се формира влада без коалиција со ДУИ, дали ВМРО ДПМНЕ е подготвено, дали партијата е подготвена да го прифати нивниот предлог за премиер Албанец?

Одговор: Ние сме убедени дека ќе победиме на овие избори и ќе победиме така убедливо да нема да има дилема околу формирањето на владата, а уште помалку ќе има дилема околу тоа кој ќе биде премиер на следната влада. Ние имаме кандидат за премиер тоа е претседателот на партијата Христијан Мицкоски и Христијан Мицкоски ќе биде премиер на владата на Република Македонија. По однос на барањето на ДУИ кратко едноставно тоа е неприфатливо за нас, сметаме дека е од пропагандни цели и дека тоа барање не може на ниеден начин да биде прифатено од ВМРО ДПМНЕ и нема да биде прифатено ни сега ни во иднина.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт