Утрински Весник
Македонија

Престрелка од автомобил во Чаир, едно лице заврши во болница

Престрелка од автомобил во Чаир, едно лице заврши во болница

Рано утрово околу 5 часот, А.Ѓ.(38) од Скопје пријавил дека додека биле заедно со С.Д.(22) и М.З.(20) во автомобил на подрачјето на Чаир, кон нив биле испукани проектили од огнено оружје од патничко возило џип „мерцедес“.

Притоа, со повреди се здобил А.Ѓ., кому во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му била укажана лекарска помош.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Салаи: Без политичка волја нема борба против корупција

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 март – Светскиот ден на театарот 

Тасева: Живееме во „заробена држава“ – институциите се во служба на елитите